Совети за заштеда на горивото.
Шест совети за заштеда на горивото
Последните години цените на горивото во Европа пораснаа за околу 15%. Со тоа за просечен возач, кој годишно поминува 15.000 km, сметката за бензин е порасната за 150 Евра.
Последните години цените на горивото во Европа пораснаа за околу 15%. Со тоа за просечен возач, кој годишно поминува 15.000 km, сметката за бензин е порасната за 150 Евра.
Следниве шест златни правила овозможуваат значајна заштеда на гориво:
- Моторот запалете го откако сте го ставиле сигурносниот појас, сте ги наместиле ретровизорите и вметнале омилениот диск. Немојте да го загревате моторот.
- Наједноставен начин за заштеда на бензинот е брзо префрлање во наредниот степен на пренос. При брзина од 50 km/h моторот на возилото од средната класа во 2 степен на пренос троши двојно повеќе гориво отколку во 4 степен, а три пати повеќе отколку во 5 степен на пренос. Современите мотори можат да работат и при понизок број на вртежи (1500) во минута.
- Рамномерниот начин на возење во највисокиот можен степен на пренос значително ја намалува потрошувачката на гориво. Моќното забрзување и честото кочење ја зголемува потршувачката.
- Кровниот носач на багажот кој останува преку целата година на возилото може дури и при мал број на поминати километри годишно да ја зголеми потрошувачката. Носачите за велосипеди и кровните куфери за багаж ја зголемуваат потрошувачката за дури 40 %.
- Редовното одржување на возилото обезбедува ефикасно користење на горивото.
- Притисокот на пневматиците треба да биде еднаков. Премногу нискиот преитисок го зголемува отпорот при движење, а со тоа и потрошувачката на бензинот, и доведува до нерамномерно трошење на пневматиците.

