TSI.
TSI - директно вбризгување на бензин и двојно полнење
Со 2.0 FSI турбо моторот во моделот Golf GTI Volkswagen го претстави својот прв мотор со директно вбризгување на бензин и турбо полнач на издувните гасови. Со TSI техниката сега Volkswagen го активира вториот степен: резултат е агрегат на врвната технологија со голема јачина и силен вртежен момент со ниска потрошувачка. Новиот 1.4 TSI мотор поврзаноста ја отсликува со TDI технологијата - не само со својот назив.
Единствена карактеристика на TSI техниката која Volkswagen ексклузивно како прв и единствен производител во светот ја нуди, комбинацијата на директно вбризгување на бензинот со двојно полнење. "Двоен полнач" („Twincharger“), е механички полнач кој во комбинација со дополнителниот турбо полнач на издувните гасови обезбедува јачина од 90 kW, односно 121 КС по литар на работна зафатнина, што е врвна вредност помеѓу сериските 4-цилиндрични мотори за патничките возила.
Максималниот вртежен момент од 240 Nm на располагање ви стои веќе од 1.500 В/min и го задржува ова високо ниво се до 4.500 В/min. Оваа вредност одговара на силата на вшмукувачкиот мотор со работна зафатнина од околу 2,3 l. Во споредба со нив потрошувачката на 1.4 TSI моторот е за околу 20 проценти помалку.



