TDI.
Меѓутоа технички гледано, Volkswagen ги означува сите свои современи дизел мотори со директно вбризгување на гориво и турбо полнач со кратенката TDI. Темелните заеднички црти на сите TDI мотори се вбризгувањето на горивот под висок притисок и варијабилна геометрија на турбината за висок степен на полнењето на цилиндарот и целосно согорување.
Директното вбризгување на дизелот овозможува моментално најголем степен на делување на моторот од 45%. Тоа значи дека голем дел од енергијата која се наоѓа во горивото се претвора во енергија на движење и со тоа во силината на моторот. Притоа горивот мора што подобро да согори. Одлучувачки фактор е обликот на просторот за согоревање и распрснување на горивото.
Преглед на вредноста на TDI техниката од Volkswagen:
- Сите TDI мотори се одликуваат со економичност. Економичната потрошувачка на горивото, долгите интервали помеѓу сервисот и одржувањето како и ниската стапка на емисија на штетните издувни гасови овозможуваат ниски трошоци.
- Турбо-дизел моторите од Volkswagen ви нудат веќе на нискиот број на вртежи култивиран развој на силата па се до најголемиот број на вртежи. Од тоа резултат е големот задоволство при возењето покрај одличните вредности на забрзување и натпросечните возни својства.
- Култивираното задоволство во возењето го овозможува високиот вртежен момент преку широкото растојание на бројот на вртежи, како и најголемата сила со најниски вредности во потрошувачката.



