FSI.
Со завршувањето на „Guinness World Record Tour“ возачите рекордери Хелен и Џон Тејлор го осигураа своето место ово Гинисовата книга на рекорди со Голфот 1.6 FSI. Во 2006год. Тејлорови го започнаа патот околу светот. Целта им беше да го постават светскиот рекорд во штедливо возење и да поминат пат од 28.970 km низ 25 земји со помалку од 50 полнења на резервоари за гориво. На крајот потрошиле само 24 резервоари, што одговара на просечната потрошувачка од само 4,5 l/100 km Shell гориво. (Потрошувачка на гориво: 6,7 - 7,7 l/100 km; Емисија на CO2: 161 - 185 g/km)
FSI Директно вбризгување на бензинот од Volkswagen
FSI , иновативното директно вбризгување на бензинот од Volkswagen, се одликува со високиот степен на делување и натпросечна искористеност. FSI мотори овозможуваат пониска потрошувачка на околината и поголемо задоволство во возењето. 2.0 FSI Турбо во новиот Golf GTI, најмладиот и најпотентниот член на палетата од Volkswagen со директно вбризгување на бензинот, е уште еден доказ на правиот потенцијал на FSI техниката.
Кај директното вбризгување на бензинот, горивото директно се вбризгува во просторот за согорување. Тука исто така се зборува за внатрешно создавање на смесата, затоа што запаливата смеса на горивото и воздухот се создава дури во просторот за согорување. За разлика од конвенционалниот Ото-мотор со надворешната припрема на смесата , кај кој што вбризгувањето на горивото и создавање на смесата се одвива во усисната цевка, значи надвор од цилиндарот.
За доводот на воздухот во просторот на согорување FSI моторот Volkswagen развил посебна геометрија на просторот за согорување. Покрај тоа при работниот од, директното вбризгано гориво во илјадатинката од секунда се меша со дотокот на воздухот. На тој начин моторот реагира исклучително спонтано на притисокот на возачот врз папучата за гас.



