Процесот на менување - Неосетен и брз.
Ова во праксата значи дека секогаш кога ќе се изврши промена на преносот се селектира уште еден. Кога ќе се добие информација за менување на степенот на преносот, едниот куплунг се отвора во период од 3/4-стоти дел од секундата, додека другиот се затвора. Mechatronik се грижи овој процес да се одвива брзо и прецизно, што ако се одвива рачно никогаш нема да се реализира. Со тоа процесот на промена на преносот се одвива независно од возачот и без прекин во вртежниот момент на моторот.
Одлуката кој степен на пренос следно ќе биде извршен, го среќава контролерот при основното манипулирање со позицијата на педалата за гас, брзината на вртежите на моторот и брзината на возилото. Со манипулација на педалата за гас и забрзувањето на возилото пред да дојде до нивото на менување, се селектира следниот повисок степен. Доколку педалата за гас не се користи, и возилото се наоѓа во фаза на намалување на брзината, тогаш понискиот степен на пренос се селектира.
Предностите во детали:
- DSG од Volkswagen овозможува целосна промена на степенот на преносот без удари и нуди дополнителен комфор на автоматски менувач.
- Со работењето на двојниот куплунг потрошувачката на гориво на моделите со DSG е под нивото на моделите со мануелна промена на преносот (во зависност од видот на возењето).
- Tiptronic со мануелена секвенцна промена на преносот, поради директниот процес на промена нуди спортско задоволство во возењето.



