Mechatronik - Електроника и механика во едно куќиште.
Куплунгот и одделниот пренос работат со помош на хидраулика. Одговорен за тоа е mechatronik-преносот кој е интегриран во DSG. Терминот „Mechatronik“ се состои од два збора, механика и електроника. И точно така е развиен Mechatronik: електронската опрема за пренос, разновидните сензори и контролниот уред за хидрауликата создаваат една компактна целина.
Управувачот покрај останатите информации користи и податоци за моторната брзина, позиционирањето на педалата за гас и возната програма, се со цел да се пронајде оптималниот чекор за промена на преносот. Контролниот уред за хидрауликата конечно ги претвора командите за промена во една комплексна и во секој момент индивидуално координирана акција.



