Структура - Двојното подобро менува.
Во принцип преносот со двоен куплунг се содржи од два делумно независни преноса. Со двојниот куплунг, двата куплунга кои се наоѓаат во едно куќиште, двата преноса меѓусебно се поврзани преку двоен систем за трансмисија во зависност од степенот на преносот во кој се наоѓа моторот. Куплунгот бр.1 служи за внес во 1, 3, 5 брзина и рикверц, а куплунгот бр.2 ги опслужува 2, 4, и 6 брзина. На секој заден пренос му е доделено преносно вратило, кој што го пренесува вртежниот момент од диференцијалот до тркалата.
Во користењето на двојниот куплунг лежи ефикасноста на DSG над конвенционалниот автоматски менувач со хидрауличен конвентор на вртежниот момент. Ова и малата тежина покрај интелигентниот пренос го зголемуваат фактот дека автомобилите со преносот со двоен куплунг во зависност од начинот на возењето има иста или помала потрошувачка на горивото од рачно менуваниот пренос.



