Volkswagen лансира нов, мал автомобил со името up! На минималма површина (3,54 х 1,64 m) нуди максимално многу простор. Можете да бирате меѓу три изведби, прилагодени на различните желби: take up! е основната, move up! дава акцент на удобноста и high up! со најбогата опрема. Дополнително, врз основа на high up! на пазарот се нудат и посебни пакети на опрема up! black и up! white.
Нова генерација на мотори 4.5 l/100 Km со бензински мотор. Заедно со моделот up! премиено се претставува и нова генерација на 3-цилиндарски бензински мотори. На располагање се верзии со 44 KW (60 КС) и 55 KW (75 КС). И двата 1.0 литарски мотори со CO2 емисиите се задржуваат под границата од 110 g/Km. За 2013 год. е извесно претставувањето на up! со електричен погон.

