Лојален придружник: Новиот Touran.
Има карактер
На прв поглед Touran е со препознатлив преден дел на решетката на ладилникот со хромиран изглед, нов браник и испапнати преполовени светла. Тие може да се одберат по желба и како Bi-Xenon светла со кривинско осветлување. Во пределот на фаровите се докажуваат новите задни светла и модифицираниот браник аналоген на фронталниот дел на втората генерација на Touran.
Секогаш добар за изненадување.
Во интериер на Touran, за озвежувањето и благородното чувство се грижат новите навлаки за седишта и апликациите во тоновите на благороден челик. Основната верзија на Touran Conceptline е облагородена со внатрешните додатоци „Media“. Сериски се „RCD 300“ - радио - CD уредот, со интегрирана MP3 можност.
Помодерен настап - помоќен погон
Кај Touran можете да одлучите помеѓу бензин или дизел моторизација. Палетата на бензинци се протега од 75 kW преку 103 kW TSI- мотор до 80 kW EcoFuel- модел. Дизел варијантите стартуваат од 66 kW TDI, кај која може дизел моторот да е опремен со филтри за дизел честички DPF и двоен куплунг DSG.
Понуда за повеќе место: дарежливо
Со 1.989 литри место во багажникот, Touran ви нуди многу место за индивидуални потреби. Вредно за забелешка во поглед на варијабилноста се иновативните поединечни седишта на Touran. Трите седишта, од вториот ред, кои се наредeни едно до друго, дозволуваат со многу малку зафати да се поместат во должината, да се преклопат или надоградат. По желба, возможно е и опремување на Touran со трет ред седишта.



