Дополнителна опрема.
Екстериер:
Дизајнерскиот пакет "Terrain-Style" уште повеќе ке ги нагласи одличните перформанси на новиот Touareg. Браникот со заштита на подвозјето со сребрен Offroad дизајн го истакнува предниот и задниот дел на возилото, додека странично се наоѓаат offroad специфично обликувани прагови. Покрај тоа, на задниот дел го заокружуваат две тркалезни хромирани издувни цевки.
Дизајнерски пакет "Chrome & Style" содржи браници и прагови во боја на возилото. Отворот на средишниот отвпор за воздух и украсните летвички на неговите ламели се од хром. Страничните украси на праговите и страничните прозори,браниците се исто така изработени од хром и додатно ја нагласуваат неговата појава. Заштитата на товарниот раб е од племенит челик, а двете аголни хромирани издувни цевки во црн дифузор создаваат моќен впечаток на задниот дел од возилото.
Механизмот на влечење, со можност за ротација за 3,5 тони оптоваарување на приколица. Може електрично да се деблокира и лесно да се стави и извади.
Попречни кровни носачи за поголеми предмети
Може да се набават лакирани во црна или елоксирано сребрена боја и да се надополнат со сребрено елоксирани попречни носачи.
Затемнетите задни стакла ја намалуваат топлината и апсорбираат 65% од светлината. Опционално додатно може да се нарачаат стакла во вратата со повеќеслојно ламелирано стакло за подобра изолација од надворешните звуци.
Панорамски лизгачки кров се состои од дводелна стаклената површина со функција на проветрување и отварање која се протега од предниот до вториот ред седишта и со тоа дава чувство на голема просторност.
Со помош на комбинираниот прекинувачна повлекување, односно притисокот на предниот стаклен елемент може да дојде до висина од 31 милиметар. Со помош на регулаторот може да се намести на седум дополнителни позиции на отварање и комплетно да се отвори. Располага и со интегрирана ролетна за заштита од сонце.
Бандажи:
Бандаж од лесен метал "Atacama", 71/2 J x 17, лакиран во сјајна сребрена боја, гуми 255/60 R17 (опција за V6 TDI).
Бандаж од лесен метал "Tacora", 8 J x 18, со округли осигурачи и хромирани завртки за тркало, гуми 255/55 R 18. Само за V8 TDI.
Бандаж од лесен метал "Yukon", 8 J x 18, гуми 55/55 R18 (Само за V8 TDI – сериска опрема).
Ентериер:
Со повеќенаменскиот кожен волан со прекинувачи можете потполно комфорно да ракувате со радиото, телефонот и повеќенаменскиот покажувач на вашиот нов Touareg. Покрај тоа можете рачно да ги менувате брзините (опционално). Прекинувачите се наоѓаат на горната лева и десна страна на задниот дел на воланот. Функцијата за загревање е исто така интегрирана.Не е во комбинација со подршка за возачот, или подршка за одржување на возилото на патека "Lane Assist".
Со дводелниот средишен наслон за рака може да се ракува од кај возачот, но и со совозачката страна, а по средишниот дел може одделно да се преклопи и да се помести. Покрај тоа располага и со простор за сместување. Сериски во комбинација со кожна опрема.
Пакетот со спортска опрема "Ентериер" содржи повеќенаменски кожен волан со прекинувачи и автоматски менувач, сето тоа со декорација од "четкан алуминиум". Во спотрската верзија спаѓаат и решетките од нерѓосувачки челик и педали во алуминиумски дизајн. Кровната облога е во Титаниум црна боја, а страничните прозорци и задниот се затемнети.
Двојните заштитиници од сонце го штитат возачот и сувозачот од јакото сончево зрачење од напред и од страна. Само во комбинација со пакетот светло и видливост.
Нормални седишта од кожа "Cricket" за возачот и совозачот исто така може да бидат со рачно подесувањето во 6 позиции по висина, нагибот на наслонот и надолжна позиција (опција само за V6/V6 TDI).
Комфорни седишта од кожа "Vienna" - за возачот и совозачот ги нудат сите варијанти на комфортните кожни седишта Nappa" (серија за V8 TDI и Hybrid).
Комфорни кожени седишта "Nappa" за возачот и предниот патник. Врв на угодно седење: електрични прилагодливи седишта со комфорно поставување во 12 позиции, и индивидуално може да им биде прилагодлива висината, наслонот на закосување, надолжна позиција, навалување на седиштето и поддршка на 'рбетот. Покрај тоа, од страна на рабовите на задните седишта се опремени со воздушни панели кои можат да бидат електро-пнеуматски прилагодливи. Опционо се комфорни седишта опремени со функција на климатизирање и прозрачна перфорација. Потпирачот за глава може да се намести по висина и должина (опција, не за V6/V6 TDI).
Пакет опрема за прицврстувањена багажот со затезни појаси фиксирани на шини, телескопска шипка и четири подвижни усици за врзување на теретот ја делат површината надолжно и дијагонално. Покрај тоа со додатен затезен појас кој се наоѓа на десната странична облога можат да се осигураат мали и гломазни терети (опција, не за Touareg Hybrid).
Цврстата мрежа на подот во багажникот овозможува при транспорт да не дојде до лизгање на предметите. Едноставно се врзува за сериски поставените јамки, и е опремена со практична торбичка (опционално).
Двострана подлога на багажникот која може да се користи од двете страни и штити од разни нечистотии. Обложена е со велур на едната страна, а од другата со пластика (опција)
Преградна мрежа која ќе го осигура багажот, но и животните во багажникот и на тој начин ги штити патниците, на пример при нагло сопирање (опција).
Мотори, суспензија и трансмисии.
Воздушно потпирање со програми за возење со слободно бирање "Comfort", "Normal" и "Sport", автоматска контрола на нивото и приспособување во висина и континуирана електронска регулација на амортизерите која зависи од брзината, на новиот Touareg да обезбедува единствена симбоза на onroad и offroad перформанси. На пример, нерамнините во патот во "Comfort" остануваат речиси незабележани. Зголемена агилност нуди програмот "SPORT", а на неасвалтирани патишта возилото може да се подигне на 300 милиметри од земја за надминување на екстремните пречки. Поради полесен утовар и истовар задниот дел на возилото може да се спушти 60 милиметри надолу.
V6 TDI со 4XMOTION располага со константен погон на сите тркала со специјален преносен механизам на диференцијал, средишен диференцијал со електрично регулирање и блокада на ламела и редукциски пренос за теренско возење, кој овозможува максимална погонска сила кај ниските брзини, и блокада на задната оска. Така екстремните маневри со off-road возење ќе стане едно парче торта за новиот Touareg. Оптималното прилагодување на возилото во секоја ситуација се одвива преку 5-степен контролер. А резерварот за гориво има капацитет од 100 литри кој ќе го продолжи вашето патување (опција само за V6 TDI)
Сигурност:
Bi-Xenon фарови со динамични и статични светла за во кривина, го следат движењето на управувачот. На тој начин се подобрува осветленоста на аглите во кривина и при вртење. Вистински врв се новите LED светла за дневно возење.Тие обезбедуваат подобра прегледност во текот на денот, и на сето тоа го нудат својот карактеристичен изглед. Динамичната регулација на висината на светлосниот сноп ја прилагодува висината на кратките светла во зависност од ситуацијата, зависно од брзината, осветлува пошироко а доколку се движи побрзо осветлува подолго.
Системот за контрола за притисокот на гумите обезбедува информации на екранот или на повеќенаменскиот покажувач "Premium" кој дава информација за притисокот во секоја гума и информира доколку се намали пртисокот на некоја гума под стандардната вредност. Константната контрола за притисокот на гумите го зголемува времетраењето на гумите и ја намалува потрошувачката на гориво (опција).
Комфор:
Повеќенаменски покажувач "Premium" информира за голем број приспособувања исто така и податоци за возилото. Така во зависност од опремата, на големиот TFT екран во боја ги покажува навигационите напомени и информација за надворешната температура.
Контрола за растојанието при паркинг, звучно и визуелно ќе ве информира преку радио-навигацискиот систем за предупредување, кога возилото во паркирање е поблиску до пречка во предниот или задниот дел.
Со припремата за мобилен телефон "Premium" со Bluetooth конекција можете да го користите вашиот мобилен телефон кој е компитабилен со далечински пристап на СИМ профилот (rSAP), профилот handsfree (HFP) или напредна аудио дистрибуција (A2DP) без притоа да го извадите телефонот од џеп. Може да се ракува и преку повеќенаменскиот кожен волан како и со говорни наредби. Подесувањата и функциите прегледно се читаат на повеќенаменскиот покажувач. Во комбинација со радионавигациониот систем "RNS 850" со оваа опрема можете да го управувате екранот и со допир. Покрај тоа располага и со отвор за SIM картичка (опција за V6 TDI i Hybrid)
Пакетот подршка за возачот му дава поддршка на возачот и така го зголемува комфортот и сигурноста. Составен дел на овој пакет е автоматската регулација на растојание AAC "stop & go" со систем на посматрање на околината "Front Assist", кој ја прилагодува сопствената брзина и кој предупредува за брзо возење и приближување кон друго возило. Додека возачот не реагира на тоа предупредување тогаш системот автоматски се активира со запирање и кревање на рачна во случан на неизбежен судир. Други компоненти на контрола се паркинг простори во предниот и задниот и поддршка за одржување на возило на патеката и промена на возната патека. Подршката го задржува возилото на патеката "Line Assust" до брзина приближна до 65km/h, вибрациите во воланот известуваат кога возилото ненамерно ја напушта патеката. Подршка при промена на патека "Side Assist" која се активира од 30 km/h овозможува сигурност во промена на возната патека: сензорите во задниот дел го надгледуваат тековниот промет. Ако во текот на промена на возната патека сензорот регистрира возило кое се наоѓа во вашето видно подрачје, тогаш системот ке покаже на надворешниот ретровизор и со тоа ке ги алармира возачите. Само во комбинација со пакетот Светло и видливост и повеќенаменски кожен волан (опција).
Автоматска регулација на растојание ACC "stop & go" со систем за следење на околината "Fron Assist" ја прилагодува брзината на вашето возило според брзината на возилото пред вас и предупредува за брзо приближување, пред се визуелно или акустично, а за тоа врши кратко сопирање. Ако возачот не реагира на тоа системот ќе создаде притисок врз сопирачките за да се избегне судирот или да се минимизира тежината на ударот. Покрај тоа ако е потребно електронски се затегнуваат сигурносните појаси (опција)
Поддршка за одржување на возило на патеката "Lane Assist" содржи една камера помеѓу облогата на кровот и внатрешниот ретровизор и со моторни вибрации за воланот. Доколку возилото ненамерно ја напушта возната лента, се активираат вибрациите на воланот за да возачот остане фокусиран на сообраќајот. Системот е активен, при брзина од 65 km / h (опција).
Во подршката при промена на лента сензорите на радарот од странично го следат сообраќајот позади вашето возило. Доколку сакате да ја промените возната лента радарот ги регистрира возилата кои се наоѓаат во вашето подрачје или возила кои нагло се приближуваат покрај вас. Тогаш системот визуелно ќе алармира на надворешниот ретровизор со што ќе ги известува возачите. Системот автоматски е активен при брзина од 30 km/h (опција)
Новиот Touareg е првиот автомобил во светот кој располага со динамична регулација на долги светла "Dynamic Light Assist". Кај активирани долги светла системот ги регистрира светлата на возилата пред вас и на возила кои доаѓаат од спротива и автоматски ги спушта светлата за да не дојде до заслепување на возилата од спротива. (Опција во комбинација со би-ксенон главни светла)
Електричниот поклопец на багажникот може да се отвори од возачкото седиште со помош на копче во предната врата или исто така да се отвори или затвори со помош на клучот преку радио сигнал (опција).
Преглед на околината "Area View" е комбинација на четири камери што го снимаат просторот околу возилото. На возачот му нуди преглед од различни перспективи со кој му олеснува во маневрирањето. Приказот се појавува на радио-навигацијата. Системот содржи преглед на теренот пред новиот Touareg исто така содржи и преглед од птичја перспектива. "Страничен преглед" воедно овозможува максимална прегледност пред тркалата под агол од 90 степени лево и десно (опција)
230 волтен сокет во задниот дел на централната конзола овозможува поврзување на мобилните уреди (опција)
Ролетни за заштита од сонце на страничните стакла ги штити патниците од силна сончева светлина како и од поглед (опција)
Паркинг камера "Rear Assist" на задниот дел од возилото пренесува слика директно на радионавигациониот систем и тоа во боја и го покажува моменталиниот правец. На тој начин препреките кои се под одредена висина и не се гледаат, можат да се препознаат (опција)
Тенките нитки за греење овозможуваат греење во ладните денови така да ветробранското стакло останува незамаглено така да брзо го отстранува евентуалнот лед (оција, не за Touareg Hybrid)
Систем за отварање на гаражната врата во контролната табла на покривот благодарение на меморијата може да зачува до три различни радио сигнали. На тој начин потполно може да се отвори и затвори електричната врата или да се вклучи и исклучи осветлувањето (опција)
Преглед на приколица со системот преглед на околина "Area View" го олеснува маневрирањето со приколица, односно нејзиното приклучување. Прегледот го покажува подрачјето позади возилото од птичја перспектива (опција)
Пакетот за зимска опрема се состои од греачи на предните седишта и автоматски греачи за ветробранско стакло. Опционално може да се загреваат и задните седишта.
функцијата за климатизација за комфорни седишта на возачот и совозачот го регулира проветрувањето на површината и на наслонот на седиштата, а може да се постави во три степени во зависност од вашите индивидуални преференции (опција)
Пакет за светло и видливост ја осветлува околината на новиот Touareg и овозможува сигурен влез и излез од возилото. Покрај тоа содржи и автоматско вклучување на светла за возење со интегрирана функција "Coming home" и "Leaving home".
Со копчиња во багажникот можете да го активирате електричното деблокирање на наслонот на задните седишта и механизмот за влеча. Електричното деблокирање на наслонот на задните седишта е сериски во комбинација со комфортни или спортски седишта.
Отворете го и стартувајте го новиот Touareg, без притоа да ги извадите клучевите од џебот. Ова ви овозможува системот за заклучување и стартување на возилото "Keyless Access" во новиот Touareg (опција за V6/V6 TDI).
Memory пакетот ја подобрува положбата на седење и електричните надворешни ретровизори. При возење наназад совозачкиот ретровизор автоматски се спушта надоле со што би се олеснило паркирањето и маневрирањето на возилота. Memory пакетот "Premium" помага при подесување на надворешните електронски ретровизори, контрола на управувачот и предните седишта (опција)
Електричното прилагодување на седишта овозможува брзо, прецизно и совршено да го поставите наклонот, висината и должината на седиштето и поддршка на 'рбетот (серија со кожени седишта).
Електрично подесување на воланот овозможуа подесување по висина и должиа. Само во комбинација со Memory пакетот "Premium" (опција)
Уредот за миење на главните светла овозможува после теренско возење повторно добра видливост, така што водата односно течноста за миење ја распрснува по надворешната страна на светлата (опција за V6/V6 TDI)

