Асфалтот е неговиот втор дом.
Како спортски автомобил Touareg ќе ве воодушеви со ексклузивна селекција на мотори со висок вртежен момент и интелигентни технологии.
Ефикасно ги користи своите предности
Изборот на агрегат со економична потрошувачка ви овозможува оптимален пренос на силата на пат кај новиот Touareg. Бензински или дизел мотор, TDI со Common-Rail технологија, дизелски филтер за честички и start-stop опција. Или Touareg Hybrid како возило на иднината.
.
Не се збунува
На асфалт можете да ја дознаете спортската страна на воздушното потпирање: електронската контрола на потпирањето автоматски го регулира нивото на каросеријата во зависност од брзината.
Отворен за сите можности
На патување не сакате да се откажете од ништо: новиот Touareg има волумен на багажниот простор од 580 литри, а со преклопување на седиштата нуди до 1642 литри. Омозможува максимален товар до 761 килограми додека оптоварувањето на приколката е 3,5 тони. За полесно товарање и растоварање, со употреба на воздушното потпирање, каросеријата може да се спушти на растојание од 160 мм од земја, а задните седишта со далечинско деблокирање можат да се преклопат асиметрично во сооднос 40:60.
Се грижи за вашата безбедност
Новиот Touareg, ќе ве обезбеди во сите ситуации: ESP го регулира надуправувањето на возилото во кривина. Новиот ABSplus обезбедува најдобра можна сила на сопирање, дури и при неасвалтирана подлога. Зa оптимален пренос на влечната сила се грижи електронската блокада на диференцијалот (EDS), додека регулацијата на погонското пролизгување (ASR) гарантира безбедност, пренос на забрзување, благодарение на стабилизаторот на силата дури и со приколка. Воздушните перничиња нудат заштита за возачот и совозачот вклучувајки странични воздушни перничиња и перничиња за глава. Опционо на располагање се и перничиња за колена, или странични перничиња за задните седишта вклучувајки и предзатегнувачи на појасите.

