Го пронаоѓа патот и таму каде што не постои.
Touareg ја сака било која површина: како џип лесно може да ги помине стрмнините до 45 степени или нагибите кои се наоѓаат и половина метар под вода.
Се прилагодува на секое ниво
Со помош на воздушно потпирање и динамична контрола на амортизерите регулирана со сензори, суспензијата лесно ја совладува секоја дупка и испакнатина. Регулацијата на ниво овозможува прилагодување кон различни возачки ситуации. Можете рачно да изберете четири фази на подигнување на Touareg-от до 140 милиметри. Така во еден момент може да се постигне растојание од 300 милиметри од земјата за екстремени теренски ситуации.
Сака да оди високо.
Touareg сака екстремни стрмнини. Особено ги сака оние, од кои другите се повлекуваат: Дополнителен доказ за неговата екстремна прилагодливост. Помошта при тргнување на нагорнини помага при тргнување и стоење на екстремни стрмнини* до 45° - тоа соодветствува на способност за искачување* од 100 %.
Целосно е во својот елемент
Ви се допаѓа риболов со новиот Touareg? Нема проблем. Новиот Touareg не се плаши од вода, во зависност од опремата има способност за совладување на длабочина на потопување до 580 mm (во комбинација со воздушно потпирање).
Потребен му е предизвик
Ниту една стрмнина не е премногу стрмна. Ниту една дупка не е премногу длабока. Touareg совладува екстремни агли од 30 степени над земјата, додека деловите од каросеријата и предниот дел не допираат на земјата при возење на нагорнина.
Не може да се исфрли од такт
Touareg постојано стои стабилен дури и на стрмнина и применува идеална влечна сила на искосување од 35 степени.
Особено практично е што на секоја стрмнина може лесно да се сврти и маневрира.
Незапирлив
Touareg не може ништо брзо да го сопре. Од мали нерамнини на теренот до планински врвови - Touareg мајсторски ги совладува и поголемите нерамнини и препреки. Внатрешниот агол на рампа може да достигне до 27 степени без притоа да се допре подлогата.

