Вистински луксуз може да се види во секојдневниот живот.
Исклучителни материјали, суптилна елеганција и рафинирани карактеристики: Новиот Touareg нуди луксуз на автомобил од висока класа..
Ги покажува своите способности.
Тркалезни хромирани издувни цевки. Offroad сребрени странични прагови и Offroad преден и заден браник со сребрени детали.
Дизајнерскиот пакет "Terrain-Style" го потенцира новиот Touareg Offroad performanse, додека дизајн пакетот "Chrome & Style" се нагласува со неговиот брилијантен настап. Со хромирани издувни цевки во аголна форма.Со хромирани украси на прагот на вратата и страничните прозори. Хромирана заштита на рабовите. Хромирана рамка на централните отвори за воздух и хромирани ленти на перките.
Ги надминува очекувањата
Посебниот дизајн на новиот Touareg нуди високи очекувања во поглед на внатрешната опрема. Притоа нема да бидете разочарани: можете да одберете помеѓу високо квалитетен материјал со декоративни елементи "Сребрена металик" или "Четкан Алуминиум" или декоративни елементи од "Корен од оревово дрво", "Vavona" или "Маслинесто сјајна" на Volkswagen Exclusive. Со спортскиот пакет "Interior" Touareg ќе им подари темпераментен карактер - благодарение на деталите како што се дизајн, алуминиумски педали, црна облога на кровот или мултифункционален волан со можност за промена на брзини (опционална понуда од VW Exclusive).
Ја презентира својата податност.
Пакетот со кожна опрема "Dark Burgundy" се преставува на специфичен и благороден начин: седиштата и додатоците во вратите се пресвлечени со податна „Nappa“ кожа додека средишниот дел на седиштата се во боја "Dark Burgundy" и имаат странични елементи во титан црна боја.
Оној кој преферира посветол, повесел дизајн ќе знае да го цени пакетот на кожна опрема "Pepper Beige". Двата пакета содржат "Cool Leather" - кожа која и покрај отсјајот од сончевите зраци не се загрева и дури и на високи температури секогаш останува пријатно ладна.
Размислува за вашиот комфор
Лесно е кога не морате секогаш се сами да евидентирате. Memory пакетот ја запамтува положбата на возачкото седиште и на електричните надворешни ретровизори. Memory пакетот "Premium" освен тоа додава и можност за подесување на воланот и предните седишта.
Ви ја отвара вратата
Отворете и стартувајте го новиот Touareg без вадење на клучот од вашиот џеб. Тоа е можно со системот за заклучување и стартување на моторот "keyless access" кај новиот Touareg. A kaj V8 TDI и Touareg Hybrid тој е вклучен во сериска опрема.
Ја чува главата студена
За пријатна температура уште во сериската опрема во новиот Touareg се грижи клима уредот "Climatronic". Неговата регулација на температурата во 2 зони ги зема во предвид индивидуалните потреби на возачот и совозачот. Електронското приспособување ги опфаќа и сите релевантни фактори и влијанија на нарушување, како на пример. позицијата на сонцето, сончевото зрачење и надворешната температура и во согласност со тоа носи повеќе или помалку студен воздух. Во опција е достапна и "Climatronic" со контрола на температурата до 4 зони.

