Тој покажува присуство
Уште пред да направите обиколка со новиот Touareg, ги откривате првите впечатоци: предниот дел со карактеристичен Volkswagen дизајн комбинира присуство на висок квалитет и елеганција. Изразениот кант во областа на рамената дава енергија и динамика на страничната линија. Не на последно место, задните светла со освојувачки ноќен дизајн оставаат долготраен ефект зад себе.
Карактерот лежи во деталите.
Уште на прв поглед Touareg-от остава впечаток. Неговата харизма е во динамичниот дизајн до најмалиот детал.
Забележителниот дизајн на новиот Touareg предизвикува големи очекувања за ентериерот. И нема да бидете разочарани: Вие имате избор меѓу квалитетните декорации "Silver Metallic" и "Brushed Aluminium" или декорација од дрво "Walnut" и "Vavona". Со пакетот "Спортски ентериер" Touareg добива освојувачка нота - благодарение на детали како педали со алуминиумска оптика, црната боја на таванот или мултифункционален кожен управувач со менување на брзината.
Тој ги истакнува своите способности.
Хромирани издуви од ауспухот. Заштитна предна и задна маска и странични лајсни во сребрена боја. Пакетот "Terrain Style" ги истакнува офроуд способностите на новиот Touareg, а хром пакетот поставува најсјајни акценти. Со хромирани издуви од ауспухот во аголна форма. Хромирани лајсни на праговите и страничните прозорци. Хромирана лајсна на задниот браник. Хромирана рамка на средниот влез за воздух и хромирани лајсни.
Тој покажува стил до последниот детал.
Човек се познава по чевлите, а автомобил со стил - по бандажите. Новиот Touareg ви нуди претставителен асортиман со врвен квалитет: Од спортски алуминиумски бандажи "Atacama" и "Sonora", до елегантниот - "Tacora" или "Karakum", извонредните - "Everest и екстравагантните "Pikes Peak "и" Metropolitan "
Тој е отворен за нови впечатоци.
Со панорамскиот покрив на новиот Touareg, можете да видите повеќе: стаклената површина се состои од два дела со можност за вентилација и отворање и се протега преку првиот и вториот ред седишта. Така можете да уживате на чувството за простор. За во кабината да навлезе свежо ветренце, стаклениот панел може да се подигне до 31 милиметри. Предниот панел на стаклениот покрив можете да го поставите во различни позиции, или да го отворите целосно преку задниот. Вградената заштитна мрежа се грижи за пријатна сенка во кабината.

