Новиот Touareg V8 TDI.
Тај сака ограничувања за да ги надмине само заради тоа новиот Touareg V8 TDI го сведовме на најважното: авантура, убодност и ефикасност. На тој начин разиграно го поминува секој терен.
Неограничена радост
Дури и самиот поглед на Touareg V8 TDI ќе разбуди желба во вас за патување и покажување на своето возило. Не е ни чудно со оглед на високата опрема како што се бандажи од лесен метал "Tacora". Хромирани украси на сончевиот кров, ладилникот, праговите и прозорците. Браниците, долните делови на браникот и праговите се во боја на возилото. Инзвонредна би-ксенон глава за светла за кратко и долго осветлување вклучувајќи ги и светлата за кривина и LED светлата за дневно возење. И шеќерот на крајот: две округли хромирани цевки за издув.
Неограничен луксуз
Она што Touareg V8 TDI го ветува од надвор тоа го исполнува и од внатре: За тоа сведочат декоративните додатоци од "оревов корен" за таблата, облогите на врата и централната конзола. Оквирот на шалтаблата содржи и декоративни додатоци изработени од скапоцено сребро, и автоматски менувач од кожа украсен со алуминиум кој убаво се вклопува во вашата рака.
Неограничен комфор
Со V8 Touareg TDI несомнено ќе уживате во удобноста. И веднаш штом ќе седнете зад него: благодарение на греените предни седишта со средишен дел и внатрешни рабови и површини на средните наслони за раце од кожа "Vienna". За совршено седење на предните седишта на располагање ви стојат 12 електронски опции за подесување, рабовите на наслонот на седиштата се електро-пневматски прилагодливи додека задните седишта далечински можат да се преклопат во сооднос 40:60.
Неограничени можности
Со дополнителната опрема за Touareg V8 TDI сите патишта ви се отворени: за тоа ќе се погрижи радио навигациониот систем "RNS 850". Освен со интегриран хард диск од 60 gb за внесување на мапи и 18 gb za музика MP3, MP4 и WMA формати, располага и со две SDHC картички по 32gb, со DVD player и внатрешен TFT екран со формат од 16:9 и со можност на 3D пребарување на мапите. Тој нуди забава и кога возилото е во мирување.

