Новиот Тouareg V6 TDI со BlueMotion технологија.
Љубител е на кратенки: освен полски патишта и шумски стази новиот Touareg V6 TDI со BlueMotion технологија ја сака и кратенката IQ заради интелегентната BlueMotion технологија.
Економична потрошувачка на гориво
Touareg V6 TDI со BlueMotion технологија на патот ги пренесува гордите 176 kW (240 КС). Опремен со константен погон на сите тркала "4motion", тој пркоси на секоја подлога. Првиот 8-степен автоматски менувач со Tiptronic трансмисија во светот, иновативниот start-stop систем со регенеративно кочење, заедно во комбинација со останатите технички захвати, ја овозможуваат BlueMotion технологијата на иднината, заради ниска потрошувачка.
Впечатлив настап
Бандажи од лесен метал "Sonara". Црна лакирана решетка на ладилникот со хромирани ленти на перките. Браници во боја на возилото. Долниот дел на браникот и праговите се во црна боја. Две округли задни издувни цевки. На Touareg V6 TDI со BlueMotion технологија не му треба многу за впечатлив настап.Овдека може да се види и опционалниот пакет "Terrain-Style" во offroad дизајнот со лесни метални бандажи "Metropolitan".
Сјаен ентериер
Доволен е краток поглед: Touareg V6 TDI со BlueMotion технологијата опремен е само со најблагородните материјали. Инструмент-таблата и панелите на вратите се украсени со декоративни додоатоци во боја "сребрена металик", додека декоративните додатоци во црна сјајна боја стилски ја нагласуваат средишната конзола. Хармонијата ја заокружува оквирот на инструмент-таблата и декоративните додатоци во сјајна црна боја.
Великодушна удобност
Во Touaregu V6 TDI со BlueMotion технологија не е штедено ниту на комфорот. Тоа во серија го докажува добро смислените предни седишта со подесување по висина, клима уредот "Climatronic", навлаки кои лесно се одржуваат и облози на вратите во дезен "Network" како и повеќенаменскиот кожен волан (3 гранки), со можност за раководење на радиото и телефонот.
Дополнителна опрема
Во потполност искористете ја способноста на Touareg V6 TDI со BlueMotion технологија: за подобра прегледност се грижат ксенон фарови со светла за кривини и маркантни LED светла за дневно возење. Опциски воздушниот отпор се прилагодува едноставно во секое ниво: благодарение на намалиување на задниот дел на возилото, автоматска регулација на ниво, подесување на висината и електронска регулација на амортизери.

