BlueMotion технологија.
Смирува.
Tiguan прави да се чувствувате убаво од два аспекта. Од една страна, бидејќи го прави возењето со него забавно. Од друга страна, бидејќи тој притоа ги одржува емисиите на штетни гасови и потрошувачката на гориво што е можно помали - со мотори и менувачи како TSI, TDI и DSG. Овие иновации од Volkswagen ја претставуваат основата за одржливите BlueMotion технологии. Заедно со Start-Stop системот и рециклирањето на сопирачката енергија со помош на рекуперација, во новиот Tiguan со BlueMotion технологија возите со ниска емисија на CO2 и штедејќи гориво.

