Sharan.
Во Sharan никој нема да праша уште колку има до целта. Затоа возењето во најомилената меѓу волуменските лимузини во Австрија е премногу забавна. До седум патници може да заземат положба на издигнатите седишта. Sharan со својата голема понуда на простор, штедливите TDI мотори, богата опрема, како и високата цена во препродажба, претставува за претприемачите класичен пример за атрактивен автомобил со смисла за економичност.
Потполно чиста работа
Sharan ви е на располагање со нов TDI мотор со сила 103 kW / 140 КС. Под паролата „на животната средина со љубов“ новиот мотор не само што одговара на стандардите Euronorm 4, туку по желба може да се добие со филтер на дизел-честички. Ниската потрошувачка на гориво е исто така за пофалба. (потрошувачка на гориво: 6,7 - 6,9 l/100 km; CO2 емисија: 181 - 186 g/km)
4MOTION
Крајно интелигентниот облик на погонот на сите четири тркала на Sharan му обезбедува 4MOTION со Haldex-техника. Со стандардната тракција Sharan 4MOTION се однесува питомо како автомобил со предна влеча, со тоа што Haldex-спојката погонската сила ја пренесува само на предните тркала. Оној момент кога на задниот дел повторно му е потребна тракција, Haldex-спојката во дел од секундата ја пренесува погонската сила на задните тркала. И тоа континуирано онолку колку што е потребно.
Полно сериски додатоци
Системот на воздушни перничиња за глава, за патниците во предниот и заднот дел, како и двоен клима уред Climatronic, со регулација за предниот и задниот дел на возилото, сериски ги добивате за сите модели на автомобили. Во сериска опрема исто така припаѓаат и додатоците како висококвалитетниот радио уред "RCD 200" со MP3-player. Најголемиот поклон кој го добивате со Sharan sспаѓа во основна опрема: великодушна понуда на простор.
Целосна забава
Дури и најубавиот поглед може да изгуби шарм при долгите патувања. За разновидната забава се грижи "Rear Seat Entertainment" линијата на опрема Volkswagen Individual, кој е опремен со DVD-player, и по избор еден или два монитора. RCA-приклучокот овозможува патниците во задниот дел на автомобилот употреба на голем број на мултимедијални системи - од лаптоп па се до играчка контрола. "Rear Seat Entertainment" може да се порача во рамките на дополнителната опрема.



