Всушност не веруваат повеќе на љубов на прв поглед.
Новиот Scirocco не изненадува со неговиот посакуван дизајн и со својата самоспознаена спортска успешност ви остава силен впечаток. Се разбира, се уште можете да пробате да му одолеете.
Датум: 05.02.2012
Притиснете: Модели » Scirocco » Линии на опрема » Scirocco

Новиот Scirocco не изненадува со неговиот посакуван дизајн и со својата самоспознаена спортска успешност ви остава силен впечаток. Се разбира, се уште можете да пробате да му одолеете.
Амблемот на Хаубата на моторот. Тенките, црни сјајни жмигавци помеѓу оштро формираните предни светла. И големите задни светла кои доминираат со задниот дел. Новиот Scirocco ви нуди возбудливи нови детали. Сакате повеќе? Во ред: LED-индикатори интегрирани во страничните ретровизори. Алуминиумските фелни "Long Beach", 7 J x 17 или 200 КС-верзијата "Interlagos" 8 J x 18, со осигурачи и пневматици 235/40 R 18. Халоген фарови со кратко и долго светло, и со интегрирано позиционо светло и трепкач во браникот. (потрошувачка на гориво: 5,1 - 7,6 l/100 km; CO2-емисија: 135 - 179 g/km)*
Вистинскиот стил може да се препознае во деталите и в окомфорот. Внатрешноста на новиот Scirocco е прикажана преку предните стандардни спортски седишта, поставливи по висина за возачот и совозачот, и позади со спортски обликуваната задна клупа со потпирачи за главата и уред за преклопување. Материјалите за седиштата со дизајн "Merlin", фино декорираните лајсни во "Chrom matt" и висококвалитетната инструментална табла му даваат на внатрешниот простор еден спортско елегантен амбиент. Дополнителниот електричен Panorama-прозорец со потемнето стакло и ролетна го дава вистинското светло.
Во новиот Scirocco ве очекуваат премногу функции како би го направиле вашето патување што покомфорно:електрично поставливи, греени странични ретровизори. Еден мултифункционален екран, како опција MFA "Plus" со напредни можности на екранот. И се разбира стандардниот клима уред "Climatic", за да ја сочувате ладната глава при честите брзи возења. Со помалку од ова не би требало да се задоволите. Најмногу е повеќе.
Scirocco нуди еден импресивен портфолио на мотори. Една варијанта е 1.4 TSI со двојно полнење, 160 КС моќност - посебно со опционалниот 7-степен менувач со двојна спојка DSG. Врвна понуда на моторите претставува 200 КС моќниот 2.0 TSI, што претставува идеална линија на новиот Scirocco за моќност и степенот на потрошувачка. Со 1.4 TSI и 122 КС и 2.0 ТДИ со 140 КС (потрошувачка: 5,1 - 7,6 l/100 km; CO2-Емисија: 135 - 179 g/km)* се заокружува спектарот на понудени мотори..
Со толкаво динамично возење не смее да се заборави и сигурноста. Електронскиот систем за стабилизација ESP заедно со комфорниот асистент за кочење, ABS , EDS и ASR помагаат да се предвидат и да се надминат определени ситуации при возењето. Така вие се чувствувате повеќе сигурни, а со воздушните перничиња за возачот и совозачот со уред за деактивирање на совозачкото перниче, како и перничињата за главата напред и назад вклучувајќи ги и страничните перничиња новиот Scirocco е уште посигурен.
Од иновативните додатоци, новиот Scirocco посебно на прво место може да го истакнеме мултифункционалниот управувач со Tiptronic. Во комбинација со менувач со двојна спојка DSG можете да имате различен стил на возење. Можете да возете мануелно и да го почуствувате извонредното спортско возење. Се размислувате помеѓу опуштено крстарење или расен маневар низ серпентините? Како што си посакувате - адаптивниот уред за суспензија DCC ги прилагодува амортизерите според патот по кој што возите за отимално задоволство во возењето. Прегледот го вршите со Bi-Xenon фаровите, функционален уред кој ги спојува во едно кратките, долгите светла како и светлата за во кривина и посебните интегрирани дневни светла.
Не сте премногу спортски настроени? Тогаш спортскиот пакет доаѓа во вистинско време: Врвните визуелни додатоци како титан-црните кровни носачи, ексклузивниот материјал "Catch Up"/ Alcantara, црните воздушни вшмукувачи и фарбаните шавови на управувачо и рачната кочница. Тука се и 17" алуминиумски фелни "Donington" со 235 mm широки пневматици, алуминиумски педали, подните рогозини со шавови во боја, како и затемнетите задни и странични стакла кои го заокружуваат спортски пакет.
Богат звук од моторот не е се. Со овие дополнителни карактеристики новиот Scirocco станува центар за забава: Радио-Навигациониот систем "RNS 510": Неговиот елегантен дизајн како и техничките можности како што се: Touchscreen, 30 GB Хард диск, DVD уред, високо квалитетен TFT екран од 6,5" поставуваат нови стандарди. Аудио системот DYNAUDIO Excite ви го испорачува прекрасниот звук благодарејќи на 8-каналниот Highend систем, четири прецизни и моќни бас звучници како и осум DYNAUDIO звучници и 300 W моќност.
© Volkswagen Македонија 2012 IМапа на сајтотIImpressum
