Мислење во нови димензии.
Особено моќен, невообичаено разновиден и благодарение на екранот на допир Touchscreen едноставен и интуитивен се прикажува радио-навигацискиот систем "RNS 810". Неговиот прегледен екран може да се подели во мапи и дополнителни информации, мапата може да се прикаже во 2D или 3D. Интегрираниот хард-диск со капацитет од 30 GB овозможува меморирање на навигациски податоци како и на музички датотеки во MP3- и WMA-формат. Во Audio-CD-ата може да уживате и за време на возењето при активирано водење кон целта, Video-DVD функцијата е активна и доколку возилото е во мирување. Секако "RNS 810" може и удобно да се користи со помош на системот за говорно управување.

