Фасцинирачки како пластика: како што пластиката со силата на обликување на мајсторот добива соодветна форма, така и Phaeton-от со секоја иновација добива на форма.
Уживајте во хармонијата.
V6 TDI4MOTION* носи моќност, ефикасност и безбедност во едно хармонично единство. Наполнетиот систем за директно вбризгување Common-Rail убедува со својата моќност од 176 kW (240 PS) *, 500 Nm и најголема брзина од 237 km/h – при истовремено намалување на потрошувачката и на емисијата на штетни гасови на 8,5 l/100 km и 224 g/km. Секако, исполнета е и нормата за издувни гасови Неговиот погон на сите тркала 4MOTION Ви го дава смирувачкото чувство, дури и при лоши временски услови или неповолни услови на коловозот безбедно да стигнете до целта.
Добијте го потребното растојание.
Системот за надзор на околината "Front Assist" е еден од системите за помош на возачот, кој може да Ви го олесни возењето. Системот препознава нагли приближувања на возилата пред Вас. Во такви случаи ќе бидете предупредени: најпрво оптички и звучно, а потоа со кратко сопирање. Во согласност со автоматскиот регулатор на растојанието ACC системот ја прилагодува брзината и се грижи за константно безбедно растојание.
Почувствувајте го балансот.
Сосема сеедно кој стил на возење го претпочитате: електронската воздушна амортизација на четирите тркала Ви подарува најголем возен комфор во секоја ситуација. Наместо конвенционалните челични тркала се применуваат гумени дувалки исполнети со компримиран воздух. Со прилагодување на количината на воздухот, системот може да ја регулира висината на каросеријата. Тоа се случува или автоматски или доколку изберете една од четирите комфорни програми за придушување. Движењата при сопирањето или забрзувањето едноставно се балансираат. Дополнителната опрема со автоматско регулирање на нивото овозможува константна висина на каросеријата независно од нивото на натовареност.
Појаснете ги деталите.
Најчесто малите детали се оние што на крај ја прават разликата голема – дали при композицијата на уметничко дело или на коловоз. За ништо да не Ви избегне, за Phaeton опционално е достапен уредот за динамично регулирање на долгото светло "Dynamic Light Assist". Тој се грижи за максимално осветлување на патот со квалитетот на долгото светло при минимално заслепување на учесниците од спротивниот правец или на возилата пред Вас. Благодарение на камерата интегрирана во пределот на внатрешниот ретровизор, „Dynamic Light Assist“ ги препознава другите учесници во сообраќајот и насочено го намалува отсјајот во пределот на возилата што доаѓаат од спротивниот правец или возилата пред Вас.
Откријте ја ретроспективата.
Кој гледа наназад, делува интуитивно. Камерата за возење наназад "Rear Assist" Ве поддржува така што го прикажува пределот позади Вашето возило: на дисплејот на Вашиот радио- или радио-навигациски систем. "Rear Assist" автоматски се активира при поставување на степенот за возење наназад и ги осветлува коловозните ленти над полето на камерата. Тие покажуваат во кој правец треба да вози возилото со актуелната позиција на управувачот или кога треба целосно до крај да се сврти управувачот. На тој начин Вашиот Phaeton поминува покрај секоја препрека, а исто така и прикачувањето на приколка повеќе не претставува проблем.