Нуди суверен настап.
Со широки раменици. Маркантен. Моќен. Новиот Phaeton убедува уште на прв поглед со неговата незаменлива, изразита изведба на линијата. Тоа е благодарение на неговиот ново-конструиран, ексклузивен преден дел со строга геометриска решетка за ладење во полиран и мат хром. Модификации се забележуваат во задниот дел и во силуетата, како на пример концизната странична заштитна лајсна или целосното лакирање. Благороднички како монограм делуваат и фелните од лесен метал "Innovation" (иновација) и "Experience" (искуство).

