Phaeton.
Phaeton W12 се надминува самиот себе
Новиот Phaeton W12 претставува технички прогрес во перфекцијата. Новото издание на силниот 12-цилиндричен мотор веднаш импресионира со својата ефикасност, уште поголема сила и поголем вртежен момент. 450 КС. 2750 вртежи во минута. 250 km/h максимална брзина (потрошувачка на гориво: 14,5 l/100 km; емисија CO2: 348 g/km). Тоа е материјал од кој се направени автомобилските соништа. Со својот тивок мотор кој е вон конкуренција и вообичаената луксузна опрема новиот Phaeton W12, баш како и неговиот предходник ви ги исполнува највисоките потреби во поглед на комфорот и задоволството во возењето.
Естетика, снага, сувереност - Phaeton V6 TDI ги има сите карактеристики на лимузина од висока класа. Покрај тоа тој самиот ги поставува стандардите во својата класа: како прв автомобил кое сериски е опремено со филтер за дизел-честички. Дел на сериската опрема меѓу останатото е и погонот на сите четири тркала 4MOTION, клима уредот climatronic со 4-зонско регулирање на климата. Phaeton V6 TDI исто така потврдува: тој е автомобил за оние што бараат многу. (потрошувачка на гориво: 9,6 l/100 km; емисија CO2: 259 g/km)
Константниот погон на сите четири тркала претставува најдобриот можен погон за спортско возење - при различни услови на патот, во различни ситуации, тој се грижи за подобрa влечa и подобро убрзување. Така, се одлучивме да и во моделот Phaeton V6 со 177 kW сериски ја обезбедиме оваа карактеристика. (Потрошувачка на гориво: 12,1 - 12,2 l/100 km; емисија CO2: 290 - 293 g/km)*.
Phaeton
Иновативната технологија за изработка на седиштата за моделот Phaeton одликувана е со реномираната награда "Professor Ferdinand Porsche 2003". Ова одликување со најголемиот награден фонд од тој вид во светот го доделува ТехничкиотУниверзитет во Виена за иновации кое перманентно влијаат на рљазвојот на автомобилите. Седиштето на моделот Phaeton, со можноста за подесување во 18 правци, отвора до сега неслутени димензии на комфорт при седење.
Phaeton со долго меѓуосовинско раздалечување. За вас уште повеќе од Phaeton
Благодарејќи на меѓуосовинската раздалеченост која е продолжена за 120mm, ќе има за вас и вашите нозе многу повеќе слободен простор на задното седиште. Повеќе комфор. Моделот Phaeton со продолжена меѓуосовинска раздалеченост го нудиме со најголем број на мотори и со посебно атрактивна опрема.


