Погонска моќност.
На динамичниот дизајн му се потребни динамични мотори, што се подразбира кај новиот Passat CC. Почетната понуда на мотори се состои од моќен бензински TSI мотор со 118 kW (160 КС) и TDI мотор со моќност од 103 kW (140 КС), чија основа е на Common-Rail технологијата. За оние кои бараат повеќе им нудиме мотор V6 со моќност 220 kW (300 КС). Овој врвен мотор сериски е опремен со менувач со двојна спојка DSG и погон на сите четири тркала. Целосно автоматскиот 6-степен менувач се одликува со менување на степенот на пренос без прекинување на влечната сила и ниските вредности на потрошувачката (потрошувачка на гориво: 5,8-10,1 l/100 km; CO2-емисија: 153-242 g/km).

