Passat.
Сигурен победник: Passat во Европа е на прво место
40 милиони гласачи зборуваa со јасен јазик. Passat победи на еден од најзначајните и најреномираните избoри од читатели во Европа: Auto1 Award, наградa која ја доделуваат 24 европски магазини од групацијата на AutoBild. Со оваа награда Passat повторно ја докажува својата исклучителна положба со извонреден концепт. Веќе во 1997 год. овој успешен модел, тогаш петта генерација, ја освои наградата Auto1 Award.
На тркала. Позор. Сега
Не сакате да се одрекнете од својот велосипед? Тогаш иновативниот носач за велосипеди од линијата за опрема Volkswagen Individual за Passat е всушност вистинската работа за вас. Тој едноставно и во само неколку потези се монтира на задниот дел на автомобилот. Карактеристично: ако на носачот сте поставиле два велосипеди, вие можете сосема лесно да го отворете капакот на багажникот. Носачот е опремен со задни светла и со осветлен носач за регистрацијата. Интегрираната брава го штити носачот и неговиот терет од кражба.
Passat сега со златен управувач
Volkswagen Passat освои по петти пат од 1977. година "Златен управувач" (Goldenes Lenkrad). Оваа угледна награда веќе 30 години ја доделува списанието "Bild am Sonntag". На тестот Passat уверено ги претекна своите конкуренти со звучни имиња. Причина за оваа предност на Passat пред се се сериските карактеристики поврзани со комфорот и безбедноста, кои обично можат да се најдат во повисоките класи на автомобили. Тоа е луксуз на кој лесно се привикнуваш.
250 КС и 3,2 l на работна зафатнина: Passat sсо нов врвен мотор
Главен адут на моделот Passat е новиот врвен мотор застапен во линијата Comfortline: 184 kW (250 КС) во V6 FSI-мотор со константенпогон на четири тркала 4MOTION и менувач со двоен куплунг DSG. Оној кој ќе се одлучи за овој мотор со неверојатни 3,2 l работна зафатнина, ќе биде награден: тука сериски припаѓаат и посебните додатоци како аларм против кражба, мултифункционален покажувач „Plus“, како и алуминиумски бандажи „Solitude“ - 17“.
Сакате да телефонирате? Се разбира!
Уредот за мобилни телефони „Premium“ обезбедува бежична интеграција на телефонот во автомобилот преку Bluetooth врска. За таа намена уредот треба само еднаш да се поврзе со мобилниот телефон. После тоа вашиот телефон може да остане во џебот на вашата јакна, затоа што овој уред автоматски ќе го препознае при влез во автомобилот. Не е потребна посебна SIM картичка, бидејќи податоците од телефонот, како телефонските броеви, директно се пренесуваат од SIM картичката на уредот за мобилни телефони. Со помош на сетот од адаптери можете да го наполните вашиот телефон и во автомобилот.
Задоволни патници во секој момент
Патувањето во задниот дел на Passat или Passat Variant станува вистинско кино доживување на патот со уредот „Rear Seat Entertainment“ ( RSE) од опремата на Volkswagen Individual. Овој современ систем опфаќа еден или два TFT монитора во боја со големина од 7 инчи, интегрирани во предните потпирачи за глава, еден DVD-Player во преградатаза сместување на ракавиците, далечински управувач, пар слушалки, како и AUX приклучок за екстерни медии како што е iPod или камера. Можете да слушате музика, да гледате филмови или да играте на Playstation – возењето со автомобил никогаш не било позабавно.
Ѕвездени мигови за безбедноста
Passat на Euro NCAP Crash-тестот доби пет ѕвезди и со тоа постигна најдобар можен резултат за заштитата на патниците. Тестот покажува: Passat ги штити и малите и големите патници со својата голема робусна ќелија за патниците, која се покажа екстремно стабилна. Додатната заштита ви нуди и систем за врзување, како и интелигентни, активно безбедни елементи како сензорската електронска контрола на стабилност ( ESP) или опциониот уред за автоматско регулирање на растојанието помеѓи автомобилите (ACC). Passat е четврт модел на Volkswagen, кој на Euro NCAP Crash-тестот доби пет ѕвезди. Доказ дека Volkswagen поставува мерила во областа на безбедноста и заштита на патниците.



