Добитна зона: TSI.
Минимален број на вртежи, максимален вртежен момент: докажаната технологија TSI и кај новиот Touran нуди максимална моќност од помала зафатнина на моторот - и тоа со ниска потрошувачка. Директното вбризгување на бензинот ефективно се комбинира со турбополнач или со компресор и турбо полнач заедно. На овој начин горивото согорува поефикасно, а ослободената моќност кај TSI моторите е значително повисока отколку кај конвенционалните мотори.

