Удобно менување брзини.
TDI моторите со висок вртежен момент кај новиот Sharan можете да ги комбинирате со 6 степениот менувач со двојна спојка DSG. Овој технчки супериорен автоматски менувач подеднакво нуди динамика, удобност и економичност. Со генијално управуавната двојна спојка се обезбедува речиси незабележително менување во веќе подготвениот следен степен на пренос. Паузите при менувањето отпаѓаат, а влечната сила останува непрекината. Резултатот е особено динамично доживување на возењето, ненадминлива удобност, ефикасно користење на горивото.

