Помалку е повеќе.
Одржливоста се доживува кај Volkswagen. А со трендсетерската BlueMotion технологија одговорно и еколошки свесно се пренесува на улица. Додека потенцијалот се користи ефикасно, се намалуваат потрошувачката и емисијата на издувни гасови. Пример: Сериски вградениот Старт-Стоп систем, со помош на кој моторот работи само тогаш кога е навистина потребно. Така, моторот се гасне на семафор или при запирање на раскрсница и со притискање на спојката повторно се стартува. Зачувувањето на енергијата од сопирањето дополнително ја зголемува ефикасноста.

