Надворешност.
Естетска.
Смирен, едноставен и современ. Така се претставува новиот Passat со незаменлив дизајн на Volkswagen. Хоризонталното движење на линиите на решетката од ладилникот е нагласено со елегантни хромирани ламели и на впечатливиот преден дел му дава самоуверена елеганција. Моќно обликуваниот C-носач гради динамичен преод од покривот кон задниот дел.

