На почетокIБилтенIFacebook I да се намали напишаното да се зголеми напишаното I

Модели.

PassatPassat [>]Passat VariantPassat Variant [>]

Дизајн.

Надворешност.
Естетска.

Смирен, едноставен и современ. Така се претставува новиот Passat со незаменлив дизајн на Volkswagen. Хоризонталното движење на линиите на решетката од ладилникот е нагласено со елегантни хромирани ламели и на впечатливиот преден дел му дава самоуверена елеганција. Моќно обли- куваниот C-носач гради динамичен преод од покривот кон задниот дел.

Внатрешност.
Едноставна.

Подредена, јасна и недвосмислена – Елегантно воздржаната внатрешност на новиот Passat нуди рамка, во која токму Вие можете да се сместите. Високо вредните квалитетни материјали, внимателно обработените и јасно означени инструменти создаваат атмосфера која Ви дава слобода.

Амбиент пакет.
Расположен.

Опционално достапниот Амбиент пакет ефектно го нагласува високо вредниот карактер на внатрешноста на новиот Passat. Светлосните ленти во декорациите на вратите се дискретно присутни во просторот и во темнина доловуваат особена атмосфера. Двете светла во просторот за нозе напред придонесуваат за полесно ориентирање во возилото. На тој начин, подеднакво како и опционално осветлените лајсни на праговите или сигналните светла во сите врати, овозможуваат дополнително чувство на безбедност.

Декор.
Вљубен во детали.

Карактерот на новиот Passat се истакнува и преку различните декоративни уметоци.. Инструмент таблата, вратите и централната конзола кај нивото на опрема Comfortline се дизајнирани во новоразвиениот декор "Iridium printed". Кај Highline, доколку сакате внатрешност во боја "Desert Beige", можете да се одлучите за скапоцено дрво „орев“ на инструмент таблата и вратите и брусен алуминиум во централната конзола. Така на Вашиот Passat му давате особено елегантна нота. Изведбите на внатрешноста во другите бои се комбинираат со брусен алуминиум. Како опција на избор Ви стои скапоценото дрво "Zebrano" (видете ја фоторафијата) – со многу фини хоризонтални линии, децентно нијансирани во кафеави тонови.

Тркала.
Типични.

Добриот дизајн го нагласува карактерот на оној за кого што е создаден. Затоа за новиот Passat нудиме палета на тркала од лесна легура: На пример, тркалата "Perugia" 7 J x 16 се испорачуваат сериски кај нивото на опрема Comfortline. Или, тркалата од лесна легура"Michigan" 7 1/2 J x 17 се сериска опрема на нивото Highline. Фотографијата ги прикажува опционално достапните тркала од лесна легура "Alicante" 7 J x 16.

Печати ја страницата погоре