Седишта. Повеќе од удобни.
Од елегантните спортски седишта со кожа "Vienna" нема да сакате да станете. За совршена удобност се грижат загреваните предни седишта и електрично прилагодливата лумбарна поддршка. Освен седиштата, опционално со скапоцениот материјал можат да бидат обложени и 3-кракиот волан, рачката на менувачот и рачната сопирачка. На тој начин при секое патување можете да уживате во неспоредливото чувство на ексклузивна опременост.

