Light Assist. Светло или темно.
Опционалната контрола на долгиот сноп светла "Light Assist" се грижи за уште повеќе безбедност во сообраќајот преку автоматските долги светла. Информациите за другите учесници во сообраќајот и уличното осветлување ги прибира камера во внатрешниот ретровизор и го известува системот "Light Assist". При брзини над 60 km / h и во целосна темнина, "Light Assist" автоматски и самостојно го активира долгиот сноп светла, а кога има возилата пред Вас или кога возила Ви приоѓаат од спротивната насока, долгите светла автоматски се соборуваат.

