Ги разгалува очите.
Впечатлив, спортски, прогресивен: Новиот Eos го плени окото со комплетно новиот дизајн. Со новиот Volkswagen лик. Црно обоената решетка на ладилникот и решетката за воздух украсени со хромирани лајсни, задните светла изведени во LED фибер оптик технологија и дифузерот назад го нагласуваат впечатокот. Врв е CSC кровниот систем од пет дела изработен од метал, со интегриран панорамски лизгачки стаклен покрив.

