Новиот Eos е совршен за одмор. 365 дена во годината. Сеедно дали затворен како спортско купé или со спуштен покрив како елегантен кабриолет.
Ги разгалува очите.
Впечатлив, спортски, прогресивен: Новиот Eos го плени окото со комплетно новиот дизајн. Со новиот Volkswagen лик. Црно обоената решетка на ладилникот и решетката за воздух украсени со хромирани лајсни, задните светла изведени во LED фибер оптик технологија и дифузерот назад го нагласуваат впечатокот. Врв е CSC кровниот систем од пет дела изработен од метал, со интегриран панорамски лизгачки стаклен покрив.
Ги опушта сетилата.
Во новиот Eos до четири патници доживуваат вистинско задоволство при возењето на кабриолет, истовремено со удобност на елегантно купé. За ова, покрај великодушната просторна понуда со раскошен простор за нозете, пред сé се грижат ниските шумови при возењето и благородната опрема со мноштво декоративни апликации. Возачот и совозачот дополнително можат да се радуваат на спортските седишта – по желба обложени во "Cool Leather" Nappa кожа**.
Растеретено во секојдневниот живот.
За да го олесни Вашиот живот, новиот Eos на располагање нуди разни интелигентни системи за помош на возачот. Прецизното паркирање, на пример, благодарение на помошта при паралелно паркирање "Park Assist" станува лесно како детска игра. Асистентот за долги светла " Light Assist " овозможива добра видливост без да се заслепуваат останатите учесници во сообраќајот. Удобното или спортско возење Ви го обезбедува адаптивната контрола на потпирањето DCC.
Нов погон.
Динамиката може да се доживее во новиот Eos. За тоа се грижат новата палета на ефикасни мотори со TSI технологија или четири-цилиндричните common rail TDI мотори со DPF филтер. Спрегнати со опционалниот 6-степен менувач со двојна спојка DSG, Ви осигуруваат максимална возна динамика без прекин на влечната сила.
Ги смирува нервите.
Кај новиот Eos безбедноста е врвен приоритет - за Вие да можете целосно да се фокусирате на задоволството при возењето. Покрај електронската програма за стабилизација, можете да очекувате безбедносна опрема која е сосема прилагодена на Вашите барања: од потпирачи за глава преку воздушни завеси и странични воздушни перничиња за возачот и совозачот до заштита од превртување, чии заштитни рамки се активни и при кренат и при спуштен покрив.
Ве тера да сакате повеќе.
Дека новиот Eos е особено прилагодлив, веќе докажа. Дека е отворен за Вашите барања, потврдува неговата широка палета на дополнителна опрема: меѓу другото со широкиот спектар на алуминиу- мски тркала. Шик изгледаат деталите како Bi-Xenon предните светла со интегрирани LED дневни светла ***. Исто така и радио-CD системoт "RCD 510", вклучувајќи и екран на допир, менувач за 6 CDа и MP3 репродукција.
Воведувањето на новиот Eos на пазарот започнува на пролет во 2011.
Прикажаните возила можно е да имаат вградено и дополнителна опрема која не се испорачува сериски кај основните модели.
** Дополнителна опрема: Кожата Nappa е т.н. „Cool Leather“, која преку подобрено одбивање на сончевите зраци го намалува загревањето на површината и останува пријатно свежа и при високи температури.
*** Подоцна ќе бидат вклучени во понудата. За точниот термин информирајте се кај Вашиот Volkswagen партнер.