Jetta.
Апсолутен победник
Предизвикот не треба да се потценува. Но во директен споредбен тест со автмобилот BMW 320i кој го спровело списанието "Auto Motor und Sport", Jetta 2.0 FSI помина повеќе од добро. Таа не остава убедлив впечаток само поради својата подвижност, комфорно спорстско придржување и влечната сила, ѕуку и поради пространиот багажник и убедливиот однос на цена и корисност.
Несопирлива динамика, футуристички дизајн, возбудлив комфор. Доживеете го моделот на Jetta од најблиска перспектива и со сите негови фасцинантни страни. Возбудливи слики на внатрешноста и фасцинантни снимки на надворешноста ви будат вистински емоции и остваруваат авто-мобилни соништа. Доживеете ја Jetta во возење!!
Максимални можности: Програмот на новата Jetta импресионира со својата сестраност, техничка иновација и сила на придонес. На избор ви се шест мотори, од тоа четири бензинци и два дизела. Штедливата потрошувачка и возбудливото развивање на силата претставуваат совршена комбинација.
Естетика за најголемите побарувања
Jetta поставува нови мерила во својата класа, дури и преку дизајнот. Елегантната силуета, маркантната предна перспектива со новото лице на марката на Volkswagen како и спортската решетка за ладилникот ги привлекува сите погледи. Елементите на стилскиот дизајн како и елегантните хромирани летвички на страничните прозори или на рефлекторите и покажувачите на насока поставени заедно под јасно стакло го даваат потребноот естетско нагласување.



