Чудо од простор
Куфер, спротски справи, многу ситници или неделни намирници - се може да влезе во новиот Golf Variant. Со својот извонреден товарен волумен од 1550 l и многу бројните места за оставање на ситници тој е спремен за секаква активност. Големата товарна ширина на задната багажна врата, можноста за утоварување се до седиштето на возачот и до поголема висина го прават Golf Variant просторно чудо создадено за различни моменти. Четири рачки за врзување и кукачки за џепови во багажникот се грижат за тоа да се си остане на своето место.


