Дополнителна опрема.
Радио-навигационен систем "RNS MFD-DVD"
Содржи мултифунционален дисплеј во боја со големина од 6,5 инчи со помош на симпатичен женски глас и прегледната графика во видот на стрелки или детален приказ на сообраќајната карта ве наведува навистинската цел. Се испорачува со: радио систем со јачина 4 x 20 W, еден навигационен DVD и кровнa GPS антена. Наведувањето до целта кај овој систем се врши динамички преку TMC.
CD-шаржер
Во средишната конзола прифаќа до 6 диска, а со нив се ракува преку управувачкиот дел на радио системот.
Rear Seat Entertainment "Volkswagen Individual"
TFT монитор со големина од 7 инчи, вклучувајќи и DVD-player, интегриран на кровот и кој може да се склопи и кој на патниците во задниот дел им овозможува гледање на DVD во текот на возењето.
Радио-систем "RCD 300 plus"
Има интегриран CD-player и вкупно осум звучници со излезна јачина од 4 x 20 W.
Радио-систем "RCD 500"
Со вграден CD- шаржер за шест диска, TIM- функција и дава звук со импресивна јачина од 4 x 20 W од вкупно 10 звучника. Опционо можна е нарачка на радио системот 500 со MP3-player.
Bi-Xenon-фарови
Емитуваат интензивно кратко и долго светло и имаат вградено автоматско подесување на должината на светлосниот сноп, како и динамичко и статично светло од кривината.
Трокрак кожен управувач
Му дава на внатрешниот простор отмена нота и посебно добро лежи во раце ( сериска опрема кај линиите Sportline и Family).
Светла за магла
( сериски кај линијата Comfortline) интегрирани се во предната маска и ја подобруваат видливоста при лоши временсли услови.
Мултифункционален покажувач (MFA)
На еден поглед покажува многу важни информации како просечна брзина и потрошувачка на гориво ( сериски кај линијата Comfortline и Sportline).
Варијабилен под багажникот
Уште повеќе ја зголемува флексибилноста и сестраноста на багажникот ( сериски кај линијата Comfortline и Sportline).
Подвижен кровен прозорец
Електрично се подесува, а автоматското подигање на воздушниот дефлектор ве штити од силен налет на воздух.
.
Клима уред "Climatronic"
Работи потполно автоматски и одвоено се подесува за патници на предните седишта. Преградата за ракавици и овде поседува функција на ладење (сериски кај линијата Sportline и Family).
Алуминиумски бандажи "Zandvoort"
димензии 7 J x 17 со осигурачи за тркалата и пневматици со димензии 225/45 R 17, вклучувајќи и спортско подвозје.
Алуминиумски бандажи "Estoril"
димензии 7 J x 17 со осигурачи за тркалата и пневматици со димензии 225/45 R 17, вклучувајќи и спортско подвозје.
Алуминиумски бандажи "Grand Prix"
димензии 7 J x 17 со осигурачи за тркалата и пневматици со димензии 225/45 R 17, вклучувајќи и спортско подвозје.
Алуминиумски бандажи "Indianapolis"
димензии 7 J x 17 со осигурачи за тркалата и пневматици со димензии 225/45 R 17, вклучувајќи и спортско подвозје.
Зимски пакет
Опфаќа греани прскалки на уредот за перење на предното ветробранско стакло, како и уред за перење на фарови. Покрај тоа предните седишта можат да се греат (сериски кај линијата Family).
Пакет на прегради
Се состои од голема кровна конзола, фиока под совозачкото седиште и практични мрежи во багажникот и под просторот за оставање на капата.
Пакет на ретровизори 1
Импресионира со електрично преклопувачки ретровизори и содржи помеѓу останатото и осветлување на просторот за нозете, како и сензор за дожд за автоматско активирање на брисачите.
USB-припрема
USB во средишната конзола од линијата на опрема Volkswagen Individual ви овозможува опкрај останатото директно преслушување на MP3 датотеките од конвенционална USB- меморија преку радио систем.
(USB- меморијата не е во опремата )
iPod-припрема
Припремата за iPod од линијата на Volkswagen Individual компатибилна е за iPod уредите почнувајќи од 3. генерација , како и iPod Photo, Mini, Video и Nano и исто така се наоѓа во средишната конзола.
(iPod не е во опремата)





