Покомпактен не може да биде.
Golf Plus отелотворува една сосема посебна филозофија: максимален личен слободен простор. Неговиот великодушно конципиран простор ви нуди уште повеќе животен квалитет и слобода на движење. Неговата надворешност при тоа е зачудувачки компактна.
Идеални пропорции
Типично за Golf: иновативното интерпретирање на елементите на дизајнот типични за Golf му обезбедува динамична надворешност на моделот Golf Plus. Пријатен споредн ефект на неговата компактна појава: имате повеќе простор за време на влезот во возилото и седењето во него.
Подвижното однесување на Golf Plus за време на возењето веднаш ќе ве воодушеви. Неговиот првокласен систем на безбедност со ништо не може да се разниша и активно се спротиставува на нерамнините на патот. Посебно во кривините Golf Plus суверено и стабилно лежи на патот.
Дизајнирани фарови
Golf Plus остава сјајни акценти и дење и ноќе. Патот го покажуваат предните фарови со маркантен дизајн, како и линеарните покажувачи на насоката во ретровизорите. Задните светла со LED-техника од висок квалитет го заокружуваат впечатливиот настап на Golf Plus. Како опција можете да добиете и Bi-Xenon светла како на сликата.





