Секогаш во предност:Флексибилност.
Со интелигентниот концепт на внатрешниот простор вие сте спремни за секакви ситуации. Golf Plus е мошне убедлив поради своата одлично осмислена варијабилност покрај која е дораснат на сите предизвици. Животот може да почне.
До 42 можности за сместување
За време на осмислувањето на системот на сместување кајGolf Plus поклонето е посебно внимание на големиот простор за сместување: Golf Plus ви нуди површини за сместување за секоја потреба. Од шишиња за вода од 1,5 l па се до атлас, се има свое место во текот на возењето и достапно е во секој момент.
Некогаш ви е потребно повеќе, некогаш помалку простор? Тогаш Golf Plus е идеален автомобил за вас. За да добиете повеќе место за сместување на предмети можете комплетно да ги спуштите потпирачите на задните седишта. Комплетната клупа на задните седишта може да се придвижува напред и назад и овозможува по избор - или повеќе простор за нозете или повеќе простор за оставање на багажникот.
Добредојдена помош
Golf Plus размислува заедно со вас: варијабилниот под на багажникот (кај Comfortline) кај Golf Plus ви нуди подршка за време на уфрлувањето и исфрлувањто на тешките работи. Тој може да се фиксира во две положби или по потреба целосно да се извади.
Одличен поглед
Подигнатата линија на кровот, издигнатата положба на возачкото седиште, кое по желба може да се подеси по висина, и продолжен внатрешен простор на Golfa Plus ви понудува на вас и вашите патници осетно повеќе простор. Така имате посебен комфор, не само пораади поголемиот слободен простор за главата, рамењата и колената, туку и поради зголемениот видокруг и одличниот поглед.
Масичка, постави се
Фунционалноста игра голема улога кај Golf Plus. Поради тоа малите и големите патници на задните страни на предните седишта можат да се најдат преклопни масички за јадење, играње или цртање, или за DVD-player и лаптоп (Comfortline). Така и возачите и совозачите можат повеќе да уживаат во возењето.
Иновативниот ергономски концепт на моделот Golf Plus обезбедува добро чувство на високо ниво. За тоа се грижи кокпитот, кој обезбедува едноставна употреба, како и модерна прегледна командна табла. Посебно внимание е посветено о на окото - висококвалитетните материјали ви нудат посебно естетско задоволство.





