Дополнителна опрема
Електричниот подвижен стаклен покрив на новиот Golf се регулира со удобна однапред програмирана автоматика: со притискање на копче стаклениот покрив се придвижува во посакуваната положба и при тоа ви нуди онолку поглед надвор колку што вие посакувате.Покрај тоа,на тој начин можете да одредите количината на светлина и доводот на свеж воздух.
Алуминиумските бандажи „Wellington“ со големина 6 1/2 J x 15 и гуми со големина 195/65 R 15 ја нагласуваат сериозната страна на новиот Golf. (Достапни како опција кај Trendline, во серија кај Comfortline).
Алуминиумски бандажи „Atlanta“ со големина 6 1/2 J x 16 со гуми 205/55 R 16 пред се зрачат со динамика. (Само заTrendline i Comfortline)
Полирани алуминиумски бандажи „Seattle“ со големина 7 J x 17 и гуми со големина 225/45 R 17 со спортско потпирање воодушевуваат со дизајнот и агилноста.(Само за Comfortline и Highline)
Алуминиумски бандажи „Siena“ Volkswagen Individual 7 J x 17 вклучувајќи спортско потпирање и гуми 225/45 R 17 втелотворуваат спортски карактер. (Само за Comfortline и Highline)
Алуминиумски бандажи „Vancouver" со големина 7 1/2 J x 18 со гуми со големина 225/40 R 18 нудат заедно со спортската потпора извонредно чуство во возењето. (Само за Highline, како дел од спортскиот пакет "Vancouver" и во комбинација со ESP)
Алуминиумски бандажи "Bilbao"
Volkswagen Individual. Со својот ексклузивен дизајн и спортско потпирање не само што привлекува внимание,туку и на најдобар начин ги пренесува спортските особини на патиштата.Овој модел е на располагање со величина 7 1/2 J x 18 и со пневамтици 225/40 R 18. (Само за линијата на опрема Highline, како дел од спортскиот пакет "Bilbao" и во комбинација со ESP)
За се што е важно и неопходно да биде на дофат на рака,во средишниот наслон за рака е интегрирана пространа преграда за ситни предмети.
Средишните површини за седење и страничните потпирачи од кожа се содржани во кожната опрема "Vienna". Во можност сте да изберете помеѓу следниве бои Corn Silk беж,тартуф и титаниум црна.Предните седишта се со греење
Адаптивно подесување на потпирњето DCC ,секој амортизер поединечно во милисекунди го подесува спрема коловозот и ситуацијата во возењето.Со притискање на копче одлучувате дали потпирањето треба да биде тврдо или комфорно.При тоа,можете да бирате помеѓу три нивоа SPORT, NORMAL и COMFORT.Во SPORT варијантата управувањето дополнително се прилагодува на начинот на возење.
Противпровален алармен уред "Plus" опремен е со надзор на внатрешноста во модулот на внатрешното светло од кровната облога. Вклучува електронско набљудување на внатрешноста и заштита од одвлекување.
ParkPilot кај паркирањето,со звучни и оптички сигнали ве предупредува на препреки напред и одзади:колку што повеќе се приближувате на некоја препрека,толку е побрза фрквенцијата на тонот.(оптички приказ само во комбинација со радио „RCD 310“ или „RCD 510“ и радио-навигациски систем „RNS 510“)
Системот за помош при паркирање „Park Assist“ со помош на ултразвучни сензори ја скенира околината на страната на возачот односно совозачот и помага при паркирањето.
Магла,снег,прашина или силен дожд: светлата за магла, вклучувајќи го светлото за вртење го подобруваат осветлувањето на коловозот при лоши услови на видливост (Сериска опрема кај Highline)
На екранот на радио-навигацискиот уред се прикажува снимка во живо од камерата за возење наназад која е сместена во амблемот на поклопецот од багажникот.Слободната прегледност зад возилото го подобрува и олеснува паркирањето.(Само во комбинација со Park Pilot или системот за помош при паркирање „Park Assist”; радио„RCD 510" или радио-навигацискиот систем „RNS 510”)
Повеќенаменскиот покажувач „Plus“ ја покажува на пример просечната брзина и потрошувачка,времето на возење и конфигурацијата на стационарното греење.Понатаму,можете да видите дали вратата е отворена или затворена,како и да го подесите јазикот и максималната брзина на гумите.(Сериска опрема кај Highline).
Со помош на ергономските управувачки елементи на мултифункционалниот кожен управувач можно е лесно управување со радиото,мобилниот телефон и мултифункционалниот покажувач „Plus“.Благодарение на степенот кај управувачот со подесување по висина и длабочина можете индивидуално да ја подесите положбата на управувачот.(Сериска опрема кај Highline;илустрацијата прикажува мултифункционален кожен управувач со опциони DSG команди на воланот).
Од 30 км/ч уредот за регулација на брзината го одржува вашето избрано темпо константно и на тој начин допринесува за опуштено возење пред се на долги патувања.(Сериска опрема кај Comfortline i Highline)
Клима-уредот „Climatronic“ (достапен како опција) е опремен со одвоена регулација на температурата за возачот и совозачот.На тој начин двајцата патници напред без проблем можат да подесат индивидуална температура на која се чуствуваат удобно.Хромираните украси осигуруваат ексклузивен изглед.Приказ на температурата кај радиото „RCD 510" или радио-навигацискиот систем „RNS 510" само во комбинација со клима-уредот „Climatronic“. (илустрацијата прикажува и дополнително греење на седиштата)
Soundsystem DYNAUDIO Excite (достапен како опција) нуди прецизен и полн звук. 300 W, поделени на осум DYNAUDIO-звучници,од кои четири се силни бас звучници, гарантираат звук кој ја исполнува целата внатрешност.
Мултимедијален приклучок MEDIA-IN (достепен како опција) со USB или i-Pod адаптерски кабел, овозмозува приклучување на надворешни аудио уреди и нивно управување во посредство со радио или радио-навигацискиот систем.(Само во комбинација со централен наслон за раце напред, радио „RCD 310" или „RCD 510", или пак радио-навигациски систем „RNS 510")
Радио „RCD 310“ (достапен како опција) опремен е со CD-читач, осум звучници и аналоген мултимедиски приклучок AUX-IN, репродуцира датотеки во MP3- или WMA-формат и има моќност на излезите од 4 x 20 W.
Ракувањето со големиот TFT колор екран (чувствителен на допир) на радио уредот „RCD 510“ е многу едноставно. Репродукцијата на MP3- и WMA-датотеките, читачот за SD картички, како и CD-менувачот за 6 диска, заедно со моќноста од 4 x 20 W и осумте звучници обезбедуваат одличен звук. (Достапен како опција)
Екран со висока резолуција осетлив на допир,интегриран хард диск со 30 Gb,DVD-читач и многу повеќе: радио-навигацискиот систем „RNS 510“ опсежно е опремен.Интегрираниот слот за SD картички, мултифункционалниот дисплеј „Plus“ Ве информира за важни информации поврзани со возењето, а надворешните аудио извори - како MP3 player - можат да се приклучат со помош на AUX-IN аналогниот приклучок. (Достапно како опција)
Во Sport Interior пакетот добивате кожен управувач, кожна рачка на менувачот и кожна рачка на рачната сопирачка, предни спортски седишта подесиви по висина,вклучувајќи и лумбарна поддршка, индивидуални навлаки за седиштата „Me 2", централен потпирач за рацете назад како и џебови за ситни предмети на задниот дел од предните седишта. (Достапно кај Trendline и Comfortline, по избор и со мултифункционален кожен управувач).
Спортскиот пакет „Atlanta“ со алуминиумски бандажи „Atlanta“ со димензија 6 1⁄2 J x 16 нуди уред за контрола на притисокот во гумите,затемнети странични стакла назад и затемнето задно ветробранско стакло,како и светла за магла и светла за вртење.(Само за Trendline i Comfortline, во комбинација со ESP)
Пакетот светла и видливост содржи удобно вклучување светла за возење со автоматско „Leaving home“ и рачна „Coming home“ функција. Дополнителна безбедност и зголемена удобност нуди внатрешниот ретровизор со автоматско затемнување и практичен сензор за дожд.
Уредот за чистење на предните светла дел е од зимскиот пакет,заедно со греачите на предните седишта,сијаличката за предупредување на нивото на вода за перење и автоматското затоплување на прскалката за перење на предните прозори.
Во пакетот странични ретровизори, дополнително на опремата "Light & Sight", добивате и електрично подесиви и преклопливи надворешни ретровизори со автоматско затемнување на ретровизорот на страната на возачот и амбиентно осветлување.
Пакетот прегради за ситни предмети изненадува со просторноста и осмислената организација,во вид на фиоки под предните седишта (не може во комбинација со електрично подесиви седишта), мрежа под задната полица и мрежа во бажаниот простор.

