Квалитет и сигурност
Безбедно уживање во возењето
Новиот Golf нуди инзвонреден концепт на сигурност:опремен е со најновата генерација на ESP-a, подршка при контра-управување, ABS за подршка при нагло кочење и стабилизатор на запрегата. Регулацијата на пролизгувањето (ASR) спречува пролизгување на погонските тркала на лизгава површина, додека воздушните перничиња за возачот и совозачот, со можност за деактивирање на совозачкото воздушно перниче, системите за воздушни перничиња за глава и страничните воздушни перничиња, како и сериското воздушно перниче за колената на страната на возачот нудат оптимална заштита на патниците.
Ефикасен бензинец
Агрегатите на оптимирана потрошувачка силата на новиот Golf оптимално ја пренесуваат на патот: на располагање е помеѓу останатото голем избор на интелигентни бензински мотори со иновативна TSI технологија. 7-степениот менувач со двократна спојка DSG овозможува удобно префрлање на влечната сила и со тоа значително допринесува за намалување на потрошувачката и емисијата.
Силните дизелски агрегати
Новиот Golf е опремен со TDI мотори со оптимирана потрошувачка со штедлив Common-Rail состав. Новите агрегати сериски се опремени со филтер за крути честички. Можно е да се комбинираат со 5/6-степенски менувач и исто така со 6-степен менувач со двократна спојка DSG. Потрошувачката на гориво за 110 KS TDI мотор со 5-степен рачен менувач изнесува само 4,5 л/100км, додека CO2-емисијата изнесува само 119 г/км.
Вредни иновации
Во поглед на технологијата новиот Golf поставува највисоки стандарди: состав за помош при паркирање „Park Assist“, ParkPilot напред и одзади како и камера за возење наназад во секој момент обезбедува врвна удобност за време на паркирањето. При тоа камерата е скриена во задниот амблем на Фолксваген на задниот дел од возилото-и по потреба автоматски излегува. Покрај сето тоа светлата за магла гарантираат оптимална видливост.
Извонредна завршна обработка
Радувајте се на апсолутното уживање во возењето и доверливата перфекција до најситни детали. Со својата квалитетна завршна обработка новиот Golf нуди долговечен квалитет без компромиси. Развиван со огромното искуство и контролиран со високи стандарди на квалитет новиот Golf се истакнува со својот динамичен дизајн и трите линии на опрема.

