Дизајн
Совршен облик
Новиот Goilf едноставно воодушевува со својот нов дизајн - совршена завршна обработка и прецизните линии го истакнуваат неговиот настап. Предниот дел со нагласен спортски изглед се базира како на впечатливата решетка на ладилникот, така и на елегатниот облик на фаровите. Изразената странична линија под стаклата (ткн. торнадо линија) го прави понизок и издолжен: почнувајќи од фаровите па се до задните светла.
Квалитетен концепт на внатрешноста
Штом ќе влезете во новиот Golf, ќе уживате во амбиентот на богат изглед: благодарејќи на квалитетните елементи, како што се на пр. многубројните апликации од хром и елегатните декоративни лајснички на команданата табла и на оплатите на вратите. Белото осветлување на комбинираната инструмент табла со новиот облик им годи на очите, додека серискиот клима-уред "Climatic" обезбедува совршена клима во просторот.
Ексклузивни детали на дизајнот
За особено динамичната појава на новиот модел на Golf заслужен е новообликуваниот заден дел: двојната издувна цевка асоцира на моќта која се крие под хаубата, додека задната светлосна група со ноб облик ја нагласува елегантната линија. Со страничната линија, како и куќиштата на тркалата и решетката на ладилникот со висок сјај новиот Golf делува стегнато и спортски.

