Новиот Golf Trendline.
Впечатлив настап
Маркантниот дизајн на новиот Golf Trendline нуди апсолутно висок квалитет: опремен е со челични бандажи со величина 15 инчи, поклопци за тркалата, како и пневматици со димензија 195/65. Надворешните ретровизори, електрично се подесуваат и се загреваат, а со интегрираните трепкачи во куќиштето на ретровизорот елегантно се нагласени. Спортската елеганција е нагласена и со браниците во боја на возилото, кои во полн стил го заокружуваат неговиот настап..
Вреден да се погледне
Новиот Golf привлекува внимание и со својот новообликуван заден дел, кој пред се, се истакнува со јасна линија. Задната светлосна група со изразен изглед и маркантен капак на багажникот со интегриран спојлер истотака допринесува новиот Golf Trendline да привлекува погледи. Како додатни динамички детали, дифузор и двојната издувна цевка (зависно од типот на моторот) го украсуваат изгледот на задниот дел од автомобилот.
Опрема полна со стил
Уживајте во внатрешната убавина: елегантни хромирани рабови на вентилациските отвори и комбинирани инструменти, како и копчињата за подигање на стаклата, радио системот "RCD 210" - достапен како опција - и декоративните елементи од "титаниум" јасно ја истакнуваат вредноста на новиот Golf Trendline. Мултифункционалниот покажувач во видното поле на возачот дава важни информации, при што белото осветлување обезбедува оптимална читливост.
Одлична функционалност
Одлика на врвниот квалитет е и функционалноста: држачи за чаши напред и назад, како и голем број практични прегради за оставање на ситни предмети обезбедуваат се да биде на своето место. Серискиот клима уред "Climatic" нуди совршена клима во просторот и воедно ја лади и преградата за нараквици, додека асиметрично преклопивиот наслон на задните седишта гарантира транспорт на багажот без проблеми. Кај моделот во две врати системот "Easy Entry" на патниците им го олеснува пристапот на задните седишта.

