Новиот Golf Highline.
Динамичен дизајн
Новиот Golf Highline потврдува со спортската елеганција:квалитетни бандажи од лесен метал "Cleveland" со големина од 16 инчи, динамична задна светлосна група во вишна боја и маска на ладилникот со висок сјај со хромирани решетки му обезбедуваат ексклузивен настап. Светлата за магла со интегрирано светло за вртење, успешно го поставуваат новиот Golf во центарот на вниманието, при што куќиштето на страничните ретровизори и рачките на вратата во иста боја како и возилото го нагласуваат неговиот маркантен дизајн.
Отмена внатрешност
Во новиот модел на Golf Highline ќе уживате во квалитетниот ентеријер. Убавите апликации од хром ги красат прекинувачите за подигање на стаклата и прекинувачите за за подесување на ретровизорите. За перфектен комфор се грижат предните спортски седишта делумно обложени со алкантара, вклучувајќи и поддршка за лумбарниот дел од грбот како и централен потпирач за рацете напред и назад. Менувачот, главата на рачката на менувачот и рачката на рачната сопирачка, се обложени со кожа која е во склад со декоративните елементи од матиран хром. Покрај тоа, во предниот и задниот дел на патничката кабина можат да се најдат елегантни светла за читање.
Извонредни перспективи
Новиот Golf Highline нуди врвна сериска опрема во која припаѓа кожниот управувач како и клима-уредот „Climatic” кој секогаш обеззбедува совршена температура: во топлите денови Ве лади, додека во ладните денови се грижи за оптимална видливост без замаглени прозори (на фотографијата е прикажан опционалниот "Climatronic"). Опционалниот радио систем "RCD 310" со 8 звучници и мултимедијален приклчок AUX-IN, како и мултифункционалниот диплеј "Plus" овозможуваат да уживате во секое возење.
Совршени транспортни можности
Во новиот модел Golf Highline можете да најдете низа на сигурносни детали: закачалките за торбите гарантираат торбите да останат таму каде што им е местото. Отворот за транспорт на долги предмети во потпирачот на задната клупа, вклучувајќи го и средишниот потпирач за рака и дополнителните прегради за ситни предмети го олеснуваат подигањето на багажот. Приклучокот од 12 V во текот на возењето овозможува приклучување на мини фрижидер.

