Новиот Golf Comfortline.
Динамички детали на подигање
Новиот Golf Comfortline нуди квалитет до најситни детали. Алуминиумските бандажи "Wellington" со големина од 15 инчи во секоја ситуација обезбедуваат удобно возење и истовремено привлечен изглед. Со естетските финеси како што се хромираните решетки на маската на ладилникот со висок сјај, како и куќиштата на ретровизорите и рачките на вратите во боја на возилото, новиот Golf Comfortline во потполност диши со елеганција.
Првокласна удобност
Уживајте во новиот Golf Comfortline : удобни предни седишта совршено прилагодени на Вашите потреби и актрактивниот дизајн со подесива потпора на грбот се грижат за најголема удобност на седењето на долги патувања. Декорот „Black Pyramide“, новиот хромиран регулатор за светла како и убавите хромирани рамки на вентилацискиот отвор и комбинираните инструменти создаваат ексклузивна атмосфера.
Удобна атмосфера за возење
Серискиот клима-уред „Climatic“ во новиот Golf Comfortline секогаш обеззбедува совршена температура: во топлите денови Ве лади, додека во ладните денови се грижи за оптимална видливост без замаглени прозори. За осетна удобност во возењето покрај другото се грижи уредот за регулација на брзината,која ви осигурува уште поопуштено возење. Радио системот „RCD 210“ - достапен како опција - се грижи за музика која Ви одговара.
Важни детали
Во новиот модел на Golf Comfortline има многу мали детали кои имаат голем учинок: средишните потпирачи за раце напред и назад го зголемуваат комфорот во текот на возењето, додека практичниот приклучок од 12 V во багажниот простор нуди идеална можност за приклучување на фрижидер.Закачалките за торби во багажникот овозможуваат во текот на возењето се да си остане на своето место. Светлата за читање кои ги красат хромирани прстени, со притискање на копче создаваат совршен светлосен амбиент - како напред ,така и назад.

