Кабриолет за секого.
Добредојдовте во летото
Конечно пристигна новиот Eos и може да биде ваш. Емотивната круна на палетата на моделите од Volkswagen го обединува лежерниот шарм на кабриолет и динамичноста на купе. Дали сакате да уживате во индивидуално возење? Тогаш едноставно зкажете термин за пробно возење кај вашиот Volkswagen дилер.
Најдоброто од двата света
Одамна помина времето кога требало да се одлучите помеѓу кабриолет и купе. Новиот Eos ви го нуди најдоброто од двата света: автентично уживање во возењето на кабриолет и динамичен настап на иновативното купе прават единствена синтеза во овој фасцинантен сестран автомобил.
Силуета со полно стил комбинирано со извонредни детали: пристигна новиот Eos Individual кој привидните спротивности суверено го доведуваат во рамнотежа. Мајсторски, но дискретно. Спортски, но елегантно. Со полно контрасти, но хармонично. Откријте го најверојатно најспектакуларниот Eos на сите времиња.
Според вашиот добар вкус: Eos индивидуализација
Направете да новиот Eos стане посебен примерок: Ваш примерок. Нашата понуда за индивидуално опремување ви отвора посебни можности на облагородување со висок комфор, елегантен дизајн и исклучителен квалитет на новиот Eos: покрај вашето чувство за естетика и необични детали.




