Caddy Life.
Концептот на новиот Caddy Life може брзо да се објасни: тој е автомобил за секого. За сите оние кои сакаат многу корисен простор. На оние кои им е важна функционалноста. И квалитетот. За оние кои сакаат многу да преземаат со пријателите. За сите кои се активни. Затоа што Caddy Life може во се да учествува. И може секого да понесе.
Веќе со првиот поглед го гледате со широко отворени очи
Повеќе отколку што сте навикнале. Во поглед на пространоста никој не е подобар од Caddy Life. Со две подвижни врати и ширина на отворот од 70 cm влегувањето и излегувањето не претставува проблем дури ни во тесните паркирни места. Без разлика на неговите компактни надворешни димензии, неговиот внатрешен простор е впечатлив и може лесно да се адаптира на секоја ситуација. Сепак Caddy Life е возило за секојдневни патувања. И за несекојдневни потреби.

