Помош при гледање.
Бубата не само што привлекува погледи, туку може значително да ја подобри и сопствената видливост. За тоа се грижат опционалните Bi-Xenon фарови со маркантни LED светла за дневно возење. Особено при ноќни возења, Bi-Xenon светлата Ви овозможиваат возење без замор, благодарејќи на спектарот на светлина сличен на дневното светло. Покрај големиот досег, фаровите се одликуваат и со многу добро странично осветлување. Намалената потрошувачка на енергија и долгиот животен век се дополнителни позитивни страни. LED светлата за дневно возење се состојат од 15 одделни светлечки диоди и дифузна оптика. Тие во фарот се тридимензионално поставени во карактеристична C геометриска форма. LED светлото за осветлување на регистарските таблички на задниот дел совршено го заокружува светлосниот впечаток.

