Звучно задоволство.
CD-плеер. Антена вградена во ветробранското стакло. Осум звучници за чист и полн звук. Репродукција на MP3- и WMA-податоци. И тоа сериски. Со радиото „RCD 310“ Бубата е подготвена за Вашата омилена музика. Сè едно колку брзо возите: затоа што радио системот автоматски ја подесува јачината на звукот во зависност од брзината. Опционалниот "RCD 510" Ви нуди голем екран чувствителен на допир, со којшто лесно можете да ги користите вградениот магацин за дискови со 6 прегради, практичниот читач на SD картички и AUX-IN- аналогниот влез за преносни аудио извори. Двата системи можат да се комбинираат со подготовка за мобилен телефон.

