Одново дефиниран.
Прогресивен. Маркантен. Созреан. Во 21. век Бубата порасна и самоуверено се претставува себеси на улица. Нејзините пропорции се значително помажествени, порамни (12 mm) и пошироки (84 mm). Силуетата со продолжената хауба, наназад повлеченото, повеќе исправено ветробранско стакло и зарамнетиот покрив, на Бубата и обезбедуваат досега незапознаена динамика, споредлива со онаа на купеата. Додека кружните светла, силно заоблените странични површини и мекиот премин кон покривот ја цитираат класичната скулптура на Бубата, во деталите како задните светла, отворот за воздух по целата широчина на браникот и рамното движење на рабовите на хаубата, силно се препознава актуелната Volkswagen ДНК.

